• среда, 10 декември 2025

Општина Дебар објави повик за  буџетското планирање за 2026 година преку онлајн форма

Општина Дебар објави повик за  буџетското планирање за 2026 година преку онлајн форма

Дебар, 9 декември 2025 (МИА) - Општина Дебар презеде значајни чекори кон зголемување на транспарентноста и вклученоста на граѓаните во процесот на буџетското планирање, објавија од општината.

Во рамки на подготовките за Предлог-буџетот за 2026 година, поставена е онлајн форма преку која секое заинтересирано правно или физичко лице може да ги достави своите барања, предлози и сугестии.

-Оваа форма им овозможува на граѓаните и различните субјекти директно да придонесат во утврдувањето на буџетските приоритети и развојот на проектите што влијаат врз подобрувањето на квалитетот на живот во општината, оценуваат од општината.

Формата е достапна на следниот линк: https://dibra.gov.mk/newmk/buxheti.

-Општина Дебар останува целосно посветена на транспарентноста, отчетноста и активната вклученост на граѓаните во сите буџетски и развојни процеси, стремејќи се кон создавање поинклузивна и поефикасна средина за сите жители, нагласуваат од општината. вт

Фото: Општина Дебар

 

Остани поврзан